Нејмар урна неверојатен рекорд на Лео Меси

Нејмар немаше свој ден кога станува збор за реализација на шансите, но затоа Бразилецот беше брилијантен во дуелите со противничките дефанзивци во текот на сите 90 минути.

Впрочем, најдобар доказ за тоа дека Нејмар постави нов рекорд за успешни дриблинзи на еден меч од ЛШ, откако ѕвездата на ПСЖ дури 17 пати успеа да се ослободи од противничките фудбалери. Со тоа Бразилецот го урна рекордот на Лионел Меси, кој во 2008 година на дуел против Манчестер Јунајтед имаше дури 16 успешни дриблинзи.

Ако на ова се додаде и фактот дека тој учествуваше во двете акции при головите за пресврт, јасно е дека Нејмар беше предводник на „светците“ во овој неверојатен натпревар.

Се вчитува...