Нејмар веќе избришан на „Камп Ноу“

На „Камп Ноу“, Нејмар веќе заминува во историјата. Откако Бразилецот се збогуваше со своите клупски колеги во соблекувалната на Барселона, во клубот се фатија со работа Нејмар да биде „избришан“ и заборавен колку што е можно побрзо.

За почеток, Нејмар беше симнат од рекламните постери и веќе не  е дел од комерцијалниот имиџ на клубот.

barsa nejmar 2

Бразилскиот фудбалер кој се  сели во ПСЖ со рекордно обесштетување од 222 милиони евра, набрзо потоа беше избришан и од постерот кој го најавува натпреварот на Барселона против Чепекоенсе. Пред неколку дена Нејмар беше на рекламниот постер заедно со Меси, Пике, Луис Суарез и Иниеста, а сега на негово место на фотографијата е ставен Иван Ракитиќ.

barsa nejmar 3

Се вчитува...