Нејт Робинсон доби нов бубрег

Поранешниот НБА кошаркар Нејт Робинсон успешно беше подложен на трансплантација на бубрег во повеќечасовна операција во Медицинскиот центар на Универзитетот Вашингтон во Сиетл.

Трикратниот шампион на натпреварот во забивање на „Ол-стар“ се бореше со откажување на бубрезите во последните неколку години, а во пролетта 2024 година најави дека може да умре доколку не се најде соодветен донатор.

Во текот на својата НБА кариера, Робинсон играше за Њујорк, Бостон, Оклахома, Голден Стејт, Чикаго, Денвер и Лос Анџелес Клиперс. На 618 натпревари од регуларната сезона, тој имаше просек од 11 поени со 2,3 скока и 3 асистенции.

Се вчитува...