Вардар и Барселона ќе излезат на мегдан во 17 часот во СЦ „Јане Сандански“ во битк за првото место во групата од Лигата на шампионите. Македонскиот првак во последните години се издигна до самиот врв на европскиот ракомет, па секоја сезона успева да најде начин да стигне до победа над каталонскиот гигант, најзначајна дефинитивно беше онаа во полуфиналето од Ф4 турнирот во Келн од пред две сезони.
„Вардарци“ знаат како се победува Барселона, го покажаа тоа и на ланскиот дуел во Скопје на кој го совладаа тимот на Чави Пасквал со 27-24. Во однос на тој натпревар „црвено-црните“ сега на голот ќе го немаат Штербик, но во тимот се враќа Борозан, кој со шест гола беше предводник во ланскиот триумф.
Главен адут на Вардар дефинитивно ќе биде публиката, бидејќи кога ќе проработи „скопскиот вулкан“, во него горат и евопски гиганти како Барса. Се случи тоа лани во „СЦ Јане Сандански“, нека се повтори и денеска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА