Нека мине Швајцарија, за чекор напред во Европа (фотогалерија)

Македонските кошаркари во одлична атмосфера утре патуваат за Швајцарија, решени овој претквалификациски циклус да го завршат со нова победа над аутсајдерот во групата. Опуштање и потценување не доаѓа во предвид, но од друга страна се има верба во сопствениот квалитет, кој ќе треба да биде потврден и на теренот во Фрибург на мечот в четврток, со почеток во 19.30 часот.

Се вчитува...