Некогашната НБА ѕвезда во пеколот на дрогата

Поранешниот кошаркар во НБА, Ламар Одом, во интервју за американските медиуми признава дека пороците му ја уништиле кариерата. Пред 17 месеци Одом преживеа два инфаркти и беше пронајден во бесвесна состојба во еден бордел во Невада.

Ја изневерував мојата сопруга Клои Кардашијан. Ни самиот не знам колку афери имав. Кокаинот од мене направи монструм. Дрогата ми ја уништи волјата за тренинг и јас го допрев дното“ – призна Ламар Одом.

Најдобриот шести играч во сезоната 2011, го опиша и кобниот настан во кој за малку ќе го загубеше животот.

„Бев сам во куќата и ми беше здодевно. Испив многу и сакав некаде да се забавувам. Дали се пијанев или се дрогирав? Последно на што се сеќавам беше тоа дека лежев во кревет со две жени и тогаш заспав. Кога се разбудив четири дена подоцна, бев во болница со цевки во устата“ – вели 37-годишниот кошаркар.

Во својата НБА кариера, Одом освои две титули со ЛА лејкерс, а играше уште и за Мајами, ЛА клиперс, Далас. Кариерата ја заврши во 2014 година во тимот на Лаборал во Шпанија.

Се вчитува...