Неколку сегашни и поранешни македонски судии со ангажмани во Лигата на Конференции

Македонскиот интернационален судија Игор Стојчевски, ќе ја дели правдата на реванш натпреварот од 2. квалификациско коло во Лигата на Конференции помеѓу Пјуник и Дебрецен кој ќе се одигра во Ереван.

Негови помошници ќе бидат Филип Ицковски и Дарко Јовчевски, додека чегврти судија ќе биде Бенјамин Ќерими.

Влатко Илиоски, кој го судеше натпреварот помеѓу Вардар и Брегалница, ќе ја дели правдата во Вилнус, на мечот помеѓу Жалгирис и Динамо Дбилиси. Него ќе му помагаа Куштрим Лика и Даниел Василевски, додека четврти судија ќе биде Александар Василевски.

Поранешниот судија Димитар Мечакровски, пак, ќе биде контролор на мечот Тобол – Панавезис во 2. квалификациско коло во Лигата на Конференции. Дејан Јакимовски ќе биде контролор на мечот Петрокуб со Борац Бања Лука, додека ангажман ќе има и за Александар Ставрев кој е делегиран како контролор на мечот помеѓу Нордсјиланд и Гаис.

Се вчитува...