По осум години Кошаркарската репрезентација на Србија ќе добие нов претседател откако од вршење на оваа функција официјално оставка си поднесе Предраг Даниловиќ.
Според правилникот КСС треба да назначи нов претседател до 1. ноевмри, а постои голема шанса оваа функција да ја превземе претседателот на КК Црвена Звезда, Небојша Човиќ, пренесуваат српските медиуми.
Човиќ веќе има искуство вршејќи ја оваа функција, но не на самостојната федерација на Србија, туку на Кошаркарската федерација на Југославија од 1995 до 1996 година.
Доколку се остварат најавите и Човиќ ја превземе претседателската фунција на федерацијата на Србија тоа со сигурност ќе предизвика лавина на реакции во тамошната јавност бидејќи тој често е во конфликт со лица од КК Партизан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА