Нема дерби без инцидент: Се ‘пресметаа’ Грнчаров и Ибраими (ВИДЕО)

Мегадуелот меѓу Шкендија и Вардар не може без инциденти. Иако денешниот дерби-меч во Тетово е релативно мирен, во вториот дел се разгореа страстите. При еден дуел на капитенот на Вардар, Бобан Грнчаров, и напаѓачот на Шкендија, Бесарт Ибраими, домашниот фудбалер падна на теренот, а потоа дојде и до мала физичка пресметка.

Се вмешаа и останатите фудбалери, па мораше и тренерот на Вардар, Чедомир Јаневски, да истрча на теренот и да ги смири страстите. На крајот, судијата Марјан Ецкоски, им подели и на двајцата по еден жолт картон и натпреварот продолжи…

Се вчитува...