Нема крај на проблемите: Трајковски со температура, Велковски се жали на повреда

ЕКИПА во Тбилиси
Горан Бошев

И по пристигнувањето во Тбилиси, македонската фудбалска репрезентација продлжува да има проблеми со отсуства. После откажувањето на Стефан Ристовски, Ваљон Етеми, Аријан Адеми и Дарко Чурлинов поради повреди, сосема неизвесни за настап пред вечерашниот дуел се и Александар Трајковски и Дарко Велковски.

Александар Трајковски веќе трет ден има покачена температура, се жали на настинка, и е крајно неизвесен за вечерашниот меч. Стоперот Дарко Велковски, пак, пред крај на вчерашниот тренинг се пожалил на повреда.

Останува сега селекторот Благоја Милевски да одлучи со кои играчи ќе настапи, но нема крај на проблемите за македонскиот национален тим. И двајцата беа планирани да бидат стартери против Грузија, но и двајцата се крајно неизвесни за настап.

За потсетување дека поради слава форма, односно поради тоа што немаа ангажман, во селекцијата не беа повикани ниту Бобан Николов, Кире Ристевски и Давид Бабунски.

Се вчитува...