Нема крај на проблемите во Реал, се повреди и Модриќ

Секој нареден ден носи и нов проблем за Зинедин Зидан, откако на денешниот тренинг на Реал Мадрид не се појави Лука Модриќ. Како што објавија мадридските спортски медиуми, Хрватот исто така е повреден и ќе мора да паузира најмалку десет дена од терените, а „кралевите“ не сакаат да ризикуваат да дојде до посериозен проблем, па решиле благовремено да ја санираат повредата на мускулот.

„Не станува збор за истегнување, туку за воспаление на мускулот на ногата. Тој не тренираше, кратко време ќе биде надвор од стројот, но речиси сигурно е дека ќе биде во тимот за реваншот со ПСЖ“ – изјави Зинедин Зидан.

Само за потсетување, тренерот на Реал Мадрид не може да смета ниту на Тони Крос, кој се повреди на првиот натпревар со ПСЖ, како и на Марсело, кој настрада во првото полувреме од неделниот дуел со Бетис.

Се вчитува...