Нема крај за малерите на Арсенал: Озил, Велбек и Ивоби „грипозни“

Арсенал на срамен начин доживеа елиминација од Баерн Минхен, губејќи со вкупен резултат 2-10, во Лигата на шампионите, а малерите за Арсен Венгер продолжуваат и пред саботниот четвртфинален меч од ФА Купот на Англија против нисколигашот Линколн. Во составот на „топчиите“ поради болест најверојатно нема да бидат тројца фудбалери, Месут Озил, Дани Велбек и Алекс Ивоби.

„Имаме проблеми со дел од фудбалерите. Озил, Велбек и Ивоби се „грипозни“ и тие најверојатно нема да бидат способни за настап. Меѓутоа, Арсенал има доволен фонд на фудбалери за да го одработи овој меч“, изјави Арсен Венгер.

Се вчитува...