Главоболките на Лучијано Спалети стануваат се поголеми по секој нареден натпревар на Јувентус откако на долгата листа повредени играчи се приклучи и капитенот на „старата дама“, Мануел Локатели.
Искусниот играч за врска се пожали на повреда по дербито со Милан, а лекарските прегледи покажаа проблем со менискусот. Дополнително ќе биде одлучено дали Локатели ќе мора да замине на операција, но веќе е сигурно дека тој ќе ги пропушти следните три натпревари, против Сасуоло и Аталанта во Серија А и против НЕК Нијмеген на стартот од новата сезона во Лигата на Европа.
За потсетување, Спалети на подолг период ги загуби Кенан Јилдиз (пауза до декември) и Кефрен Турам (ќе се врати на терените дури во 2027 година).
За дуелот со Милан покрај овие двајца тренерот на Јувентус не можеѓше да смета ниту на Мекени, Папе Сар, Камбијасо и Кабал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
