Нема никаква надеж за дефанзивецот: Бонучи не го издржа последниот тренинг на Италија

Иако допатува со италијанската репрезентација во Палермо, Леонардо Бонучи сигурно нема да биде во комбинација за утрешната пресметка на Италија против Македонија во рамките од баражот за пласман на Светското првенство.

Стоперот долго време има повреда, се претпоставуваше дека нема да биде во комбинација, па сега тоа е и официјално. Но, селекторот Манчини се надева дека ќе биде во комбинација за вториот меч против Португалија или Турција.

Со тоа стана јасно дека Манчини сега треба да бира меѓу стоперите: Кјелини, Бастони, Ачерби и Манчини. Исто така Италија има проблеми со бековите, со оглед дека нема да бидат во комбинација Ди Лоренцо и Спинацола, па ќе играат Флоренци и Емерсон.

Се вчитува...