„Нема никаква шанса ЛОИ Токио да не се одржат во 2021“

Летните олимписки и параолимписки игри во Токио кои беа одложени за една година поради пандемијата на коронавирусот, не може да бидат повторно одложувани, отоврањето ќе биде на 23.јули 2021 година  – тврди претседателот на организацискиот комитет Јоширо Мори.

Тој предупредува дека одложувањето на две години како што се бара со оглед на комплексноста на организацијата би им направило дополнителни проблеми на спортистите кои формата за учество на Игрите ја темпираат во цел олимписки циклус.

Идејата за двегодишно одложување првично ја споменал премиерот на Јапонија, Шинзо Абе кога се водеа преговорите за одложувањето на Игрите. Сепак одлуката била дека вистинскот решение е поместување за 12 месеци.

Одложувањето на ЛОИ донесе огромен логистички предизвик за организаторот,а ќе донесе и многу поголеми финансиски торшоци. Не се знае дали ИОК ќе преземе дел од овие трошоци кои паѓаат на товар на организаторот. Токму поради ова се најавува и голема ревизија на церемониите на отворањето и на затворањето.

 

 

Се вчитува...