Нема нови заболени во Атлетико Мадрид, „позитивните“ Кореа и Врсаљко во изолација

Анхел Кореа и Шиме Врсаљко се единствените двајца фудбалери на Атлетико Мадрид кои се позитивни на Covid-19 и ќе останат во изолација во следниот период. Шпанскиот клуб утре патува за Лисабон на четвртфиналниот меч од ЛШ против Лајпциг, откако ПСР тестовите на останатите фудбалери и членови на стручниот штаб се негативни.

Тренерот Диего Симеоне по оваа информација за попладне закажа и тренинг. Тимот ќе продолжи да се подготвува за предизвиците во елитното европско клупско натпреварување.

Анхел Кореа е единствениот кој отпаѓа од списокот на Симеоне за мечот со Лајпциг, со оглед дека Шиме Врсаљко ионака е повреден и се наоѓа под рехабилитициски третман.

 

 

Се вчитува...