Нема одмор: Младите од авион веднаш на тренинг во Сопот… (ФОТО)

Младата репрезентација на Македонија попладнево со чартер авион од Скопје пристигна во Гдањск каде од 17. јуни не очекува настапот на Европското првенство во Полска.

По четиричасовниот лет, селекторот Благоја Милевски ниту може, ниту сака било што да остави на случајноста. Па, вечерва македонските репрезентативци, по сместувањето во својата база во Сопот, прекрасно туристичко место на Балтичкото море, на северот од Полска, веднаш го одработија и првиот тренинг на полско тло.

mlada selekcija vo Polska

Стручниот штаб на националниот тим ги има на располагање сите сили на кои ќе се смета на историскиот настап на едно Европско првенство…

„Најважно е што во Скопје успешно ги минавме подготовките, сите фудбалери се здрави, желни за докажување на своите квалитети. Па верувам ќе умееме и во Полска да покажеме еден степен поквалитетна игра и од сите досегашни настапи“ – истакна денеска пред заминувањето за Сопот, селекторот Благоја Милевски.

Македонската селекција за време на шампионатот на најдобрите на Стариот континент ќе биде сместена во Сопот, кое е на 10 километри од Гдиња каде на 17. јуни ќе го играме првиот натпревар на првенството против селекцијата на Шпанија.

Се вчитува...