Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Љуљ, го продолжи договорот со „кралскиот клуб“ до крајот на сезоната 2026/27, објави шпанскиот гигант.
Легендарниот шпански дефанзивец пристигна во Реал уште во 2007 година и помина 20 сезони во дресот на мадридскиот клуб, во кои освои дури 29 трофеи: три Евролиги, еден Интерконтинентален куп, девет титули во шпанското првенство, седум Кралски купови и девет Суперкупови на Шпанија.
Љуљ, кој има 38 години, е и рекордер на Реал Мадрид по број на одиграни натпревари, бидејќи го носел дресот на клубот 1.249 пати.
Реал Мадрид истакна дека Љуљ, со својот став кон клубот и својата долговечност, претставува олицетворение на вредностите што ги негува мадридскиот гигант.
Со шпанската репрезентација, Љуљ го освои златниот медал на Светското првенство во 2019 година, како и три европски шампионски титули (2009, 2011 и 2015 година).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
