Нема победник во регуларниот дел на финалето, ќе се играат продолженија

Нема победник на финалето на Купот и дуелот помеѓу Македонија ЃП и Струга ТЛ. Двата тима постигнаа по еден гол во двете полувремиња, па така мечот заврши 1-1.

Во првиот дел во 29. минута Мишевски со гол од пенал поведе, и тоа водство траеше до 79. минута кога Јусуфи, или автогол на Стоилов да израмни.

Дуелот изобилуваше со многу борба на средината на теренот, многу стартови, дуели, неколку добри шанси, и на крајот нерешено. Ако и по продолженијата нема победник, тогаш ќе се изведуваат пенали.

Се вчитува...