Швеѓанецот Јонас Јеребко стана првиот странец кој ја засили ЦСКА Москва по нападот на Русија над Укрина, но потписот со московскиот тим го чинеше место во репрезентацијата на Шведска откако скандинавската земја се одлучи да го ифрли од составот.
Шведската кошаркарска федерација одлуката ја образложи со соопштение во кое вели дека Јеребко како претставник на шведската репрезетнација не смее да настапува во Русија.
„Како играч на репрезентацијата Јонас Јеребко е претставник на шведската кошарка и е личност со која ние имаме меѓусебен однос па затоа беше клучно да разговараме со него пред одлуката. Генералниот секретар на федерацијата Фредерик Јуламо збореше со него за неговиот избор да игра во Русија и му беше укажано како тоа директно се спротивставува на вредностите на шведската кошарка. После разговорот сме приморени да кажеме дека нема услови Јеребко да го претставува шведскиот национален тим“, стои во соопштението на шведската кошаркарска федерација.
Интересно, и последниот клуб на поранешниот НБА кошаркар е руски тим – Химки, но неговиот ангажман заврши во јануари 2021 година. Швеѓанецот кој има руско потекло беше без клуб повеќе од една година, но приоритет за шведската репрезентација е политиката, а не заштита на својот кошаркар.
⚡️ Йонас Йеребко – игрок ЦСКА! ⚡️
Тяжелый форвард подписал контракт с нашей командой до конца сезона 📄
Российским болельщикам Йеребко известен по выступлениям за «Химки» с 2019 по 2021 годы.
Добро пожаловать, Йонас! 🔴🔵 pic.twitter.com/014WkR5SPY
— CSKA Moscow (@cskabasket) March 30, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА