Нема потажен момент, Буфон во солзи: Жал ми е што вака заврши, збогум Италија (ВИДЕО)

Италија не се пласира на Светското првенство, а легендарниот голман Џанлуиџи Буфон таму сакаше во голем стил да се прости од националниот дрес. Наместо тоа, солзи и тага од неверојатниот голман, и изјава дека ова е крај на неговите настапи во дресот на „аѕурите“.

„Многу ми е жал. Не само за себе, туку за целиот италијански фудбал. Ова е мојот последен меч за Италија. На сите ни е жал што ова вака се заврши. Би сакал да се заблагодарам на сите за поддршката што ми ја даваа сите овие години во миговите кога го носев најпосакуваниот дрес“, изјави Џанлуиџи Буфон низ солзи.

Се вчитува...