Нема повеќе дилеми: Јовиќ го напушта Реал Мадрид

Напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ летово ќе го напушти клубот од главниот град на Шпанија, тврди новинарот Николо Скира. Фиорентина неодамна покажа интерес за српскиот репрезентативец, кој би сакал да го доведе Јовиќ на позајмица, но нема можност да му ја покрие целата годишна плата во износ од 6 милиони евра.

Претходно медиумите пишуваа и за интерес на клубови од Германија и Англија. Во летото 2019 година, 24-годишниот Јовиќ премина од Ајнтрахт Франкфурт во клубот од стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во трансфер вреден 63 милиони евра.

Минатата сезона Јовиќ беше во втор план во редовите на шампионот на Европа и Шпанија, а на 19 натпревари во сите натпреварувања постигна само еден гол и три асистенции. Српскиот фудбалер има договор со Мадрид до 20 јуни 2025 година, а специјализираниот портал „Трансфермаркт“ неговата моментална вредност ја процени на 16 милиони евра.

 

 

 

Се вчитува...