Винисиус Жуниор и следната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид, а во клубот владее уверување дека наскоро ќе биде постигнат договор и за продолжување на соработката, пренесува „Скај Спортс“.
Иако во изминатиот период се појавија шпекулации за можен трансфер, а интерес за бразилскиот репрезентативец покажуваше и Арсенал, од „Сантијаго Бернабеу“ немаат намера да се разделат со една од своите најголеми ѕвезди.
Актуелниот договор на Винисиус истекува следното лето, па токму тоа беше причина за бројните шпекулации околу неговата иднина. Сепак, според истиот извор, претставниците на фудбалерот и челниците на Реал оваа недела ќе одржат нова рунда преговори со цел да ги договорат деталите за нов повеќегодишен договор.
Во меѓувреме, тренерот Жозе Мурињо јасно ставил до знаење дека смета на Винисиус како еден од носителите на играта и сака Бразилецот да остане важен дел од тимот и во наредните години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
