„Нема само да седам и да велам дека овде е неверојатно – Ова е „златен затвор“!

Белоруската тенисерка Викторија Азаренка кој обезбеди пласман во третото коло говореше за животот во УС опен „меурот“. Таа минатиот викенд го освои Мастерсот, Синсинати, откако Наоми Осака го предаде финалето без борба.

„Во балонот сме , но ќе го наречам златен затвор, бидејќи не можеме никаде да мрднеме. Не можам да седам овде и да велам дека е неверојатно. Ова е ср*ње. Но, така е како што е“, изјави Азаренка.

Азаренка се пласираше во третото коло на УС опен, откако беше подобра од сонародничката Арјана Сабалјенка.

Се вчитува...