Нема службена победа за Јувентус, а на Наполи ќе му биде одземен еден бод?

Јувентус нема да добие службена победа против Наполи, туку мечот ќе биде одигран најверојатно на 13 јануари следната година. Но, Наполи нема да остане неказнет поради недоаѓањето во Торино и ќе му биде одземен еден бод. Ова е одлуката што треба да ја донесе Серија А за неодиграниот меч меѓу Јувентус и Наполи.

Според пропозициите, Јувентус требаше да добие три бода и службена победа од 3-0 поради тоа што Наполи одлучи да не се појави во Торино. Тие имаа два позитивни случаи на коронавирус, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и Полјакот Зјелински, но останатите фудбалери беа во задолжителен карантин.
Се очекува Јувентус да достави жалба на оваа одлука доколку биде и официјално усвоена од Серија А.

Се вчитува...