Нема веќе шега со кошаркарска Македонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

„Црнилата“ кои со години ја следеа македонската кошаркарска младина дефинитивно завршуваат, со појавувањето на генерации кои не само што не трпат бламажи, туку и го враќаат мак-баскетот онаму каде што му е местото – во самата европска елита. Серијата почна со ланскиот настап на М16-селекцијата, а дел од тие кошаркари сега продолжуваат во ист стил и во М18-репрезентацијата, против кошаркари кои се една година повозрасни од нив.

Леснотијата со која се справивме со Естонците и неверојатните „плус 35“ се само потврда дека работите не само што значително тргнале на подобро, туку и дека овие „нови деца“ ја имаат надминато „Б дивизијата“ како конкуренција и заслужуваат да ги одмерат силите со најдобрите од Европа.

За тоа да се случи, неопходна ќе им биде само уште една победа во следните два дена, или во утрешното полуфинале (против Израел или Шведска), или во случај на пораз – во мечот за третото место со поразениот од второто полуфинале, во кое силите ќе ги одмерат Чешка и Полска.

 

Се вчитува...