Немања Милошевиќ – МВП на финалната серија (ФОТО)

Немања Милошевиќ е најкорисниот играч на финалната серија во која МЗТ Скопје со 3-1 славеше против Пелистер за продолжување на децениската доминација во мак-баскетот која е отсликана со девет трофеи.

Црногорскиот крилен центар одигра фантастична серија во која доминираше на паркетот. На четирите одиграни средби забележа просек од 20.7 поени и 8.2 скока со што го предводеше „сино-белиот“ состав на одлучувачкиот натпревар во Битола со 31 поен и 6 скока.

Се вчитува...