Немања Видиќ кандидат за прв човек на српскиот фудбал?

Фудбалската репрезентација на Србија беше единствениот тим на Мундијалот во Катар, кој немаше претседател на фудбалскиот сојуз, но се чини дека тоа ќе биде наскоро решено. „Спортклуб“ пишува дека легендарниот Немања Видиќ влегува во претседателска трка за прв човек на српскиот фудбал.

Легендата на Манчестер Јунајтед веќе долго време е поврзуан со претседателската функција на српскиот фудбал, а се чини дека сега е вистински момент.

Видиќ веќе тргнал кон собирање на документацијата, а добил и поддршка од страна на неговите екс соиграчи, исто како и сегашни фудбалери.

Се вчитува...