Немилосрдниот Џордан со брутални шеги на сметка на Кукоч: Ти до 12 години си носел пелени… (ВИДЕО)

Документарецот „Последниот танц“ кој ја прикажува ѕвездената генерација на Чикаго булс на чело со Мајкл Џордан без сомнение ја открива и темната страна на сега 57-годишниот Џордан.

Интересен видео-инсерт во петтата епизода во која Џордан брутално се шегува со Тони Кукоч. Хрватот често бил под „вербален удар“ на Џордан затоа што Мајкл не го поднесувал поради близината на Кукоч со менаџерот Џери Краус.

Во таа сцена, Џордан во соблекувалната онака лежерно врзувајќи ги своите патики му дофрла на Кукоч…

„Тони, ти не беше тука кога јас ги носев овие патики. Беше бебе“ – вели Џордан.

„Која година беше тоа?“ – го прашува Кукоч, на што од Џордан добива одговор:

„Тоа беше во 1984 година. Колку години имаше ти тогаш?“.

„Тогаш почнував со кошарката“ – вели Тони, а Џордан се надоврзува со потсмев:

„А, си имал 12 години… Тогаш уште во пелени“ – се слуша во соблекувалната, со пропратна смеа и на останатите.

А, таа 1984 година, Тони Кукоч со само 16 години веќе почнуваше во првиот тим на сплитска Југопластика.


Токму ваквите сцени, но и голем број други сведоштва за негативниот карактер на Џордан, наидоа на бројни реакции и од американската јавност, која се понагласено коментира дека Мајкл Џордан бил извонреден кошаркар, но човек – нула!

Се вчитува...