Ненад Перуничиќ нов селектор на Србија

Србија најде ново решение за селекторската позиција во машката ракометна репрезентација. Нов селектор на српската репрезентација е прославениот  репрезентативец и долгогодишен тренер на Црвена Звезда, Ненад Перуничиќ. Со одлука на Српскиот ракометен Сојуз, Перуничиќ ќе биде на селекторската позиција во наредните четири години.

“Има многу причини што го поставивме Перуничиќ на селекторското место. Тој беше член на генерацијата која освои три медали на големите натпреварувања. Повеќето играчи од таа генерација добија шанса, сега ред е да ја добие и Ненад. Сега сме на нов почеток. Екипата што играше бараж со Португалија, сополнета со неколку кадети и јуниори што доаѓаат има перспектива во наредните четири години“ – истакна председателот на РСС, Божидар Ѓурковиќ.

Перуничиќ на клупата на Србија ќе го наследи Јовица Цветковиќ кој доби отказ по лошите резултати на ЕП во Хрватска, а во меѓувреме, српската репрезентација привремено ја водеше селекторот на женската репрезентација, Љубомир Обрадовиќ.

Се вчитува...