Ненадиграни а поразени…, квантитетот пресуди против квалитетот (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската репрезентација со пораз го заврши настапот во Лигата на нациите. И покрај огромната желба да се заврши оваа сезона со триумф над Бугарија, на крај десеткуваната Македонија не можеше да дојде до позитивен резултат на „Тодор Проески“ со играч помалку.

Избраниците на Благоја Милевски не беа надиграни и покрај тоа што 80 минути беа со фудбалер помалку, но за жал на крај и поразени, затоа што квантитетот овој пат пресуди над квалитетот.

И следната сезона Македонија ќе игра во Ц-лигата од УЕФА Лигата на нациите, а на ред за Македонија се регуларните квалификации низ кои ќе се бара можноста за пласман на ЕП 2024.

 

Се вчитува...