Необичен потфат за Валверде – Уругвајската ѕвеза влезе во историјата на Реал Мадрид (ФОТО)

Федерико Валверде, офанзивецот на Реал Мадрид, сезонава игра супериорно и досега веќе има запишано седум гола на 15 меча за „кралевите“. Уругвајската ѕвеза по ваквиот настап успеа да влезе во одбрано друштво во историјата на „кралскиот клуб“ со еден необичен потфат.

Младиот гирач има три гола во низа со удари надвор од шеснаесетникот. И вакво нешто не успеале во серија ни најголемите легенди на клубот како Зинедин Зидан, Кристијано Рналдо, Раул!

Досега ова им успеало само на Весли Снајдер во сезоната 2007 и Хамес Родригез во 2015 година успеале да врзат серија од три гола со удари над 16 метри, а сега тоа му успева на Валверде и кој знае, веќе на следниот меч, може и да се осамне во ваква необична статистичка категорија.

 

 

Се вчитува...