Неочекуван џокер за стартен триумф на Милвоки (ВИДЕО)

Со пресврт во завршната четвртина, Милвоки дојде до стартниот триумф во финалната серија од Источната конференција со Торнто. Серијата од 10-0 на крајот на натпреварот му овозможи победа од 108-100 на најдобриот тим во лигашкиот дел од сезоната иако канадскиот состав беше континуирано во водство, најмногу со 12 поени.

И вториот натпревар од финалето ќе биде одигран во Висконсин, а потоа серијата ќе се пресели во Онтарио.

Центарот на Милвоки, Брук Лопез со највисоки во кариерата, 29 поени го предводеше Милвоки до успехот, Јанис Адтокумбо заврши со 24 поени и 14 скока. Каваи Ленард беше прв стрелец кај Торонто, постигна вкупно 31 поен, но потфрли во финишот од средбата кога Кајл Лаури сам го водеше Торонто. Лаури постигна 30 поени.

Мислам дека овој натпревар дефинитивно не направи подобри. Не игравме најдобро што можеме, но и во такви околности го добивме првиот натпревар, исклучително важен во серијата. Неколкупати веќе реков, Торонто не е Бостон и многу тешко би можеле да ја свртиме ситуацијата во наша корист“ – изјави по натпреварот Адетокумбо.

Се вчитува...