Ѕвездата на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари испиша историја како првиот активен спортист во најелитните спортски првенства во САД кој официјално има и административна работа откако прифати функција на помошен генерален менаџер во колеџот Дејвидсон каде настапуваше пред НБА.
За многумина и најдобриот „шутер“ на сите времиња ја игра 16-тата сезона во НБА лигата, а и покрај тоа што очекувањата се дека ќе продолжи да настапува на теренот и во следните години, со овој потег даде дознаење дека останува во светот на кошарката и по крајот на успешната играчка кариера.
Кари целата своја кариера ја помина во Голден Стејт со кој освои четири шампионски титули, предводејќи ја златната ера на оваа франшиза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА