Неодамна жестоко се тепаа на терен: Сега Ембид прв со поддршка за Таунс (ВИДЕО)

Џоел Ембид и Карл Ентони Таунс беа исклучени на мечот меѓу Минесота и Филаделфија во НБА лигата поради жестока физичка пресметка, но сега „воените секири се закопани“ кога животот е во прашање.

Мајката на Таунс е во критична состојба, во моментов во индуцирана кома, откако беше откриено дека е позитивна на коронавирусот.

„Со тебе сме. Се молиме за здравјето на твојата мајка“ – е пораката за Таунс од Џоел Ембид.

Се вчитува...