Непобедливите Лејкерс и незапирливот Леброн (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс ја забележаа шестата последовна победа и остануваат тимот со најдобра серија од стартот на НБА лигата. Најзаслужен за новиот тирумф беше Леброн Џејмс кој постигна 30 поени во победата со пресврт над Чикаго од 118-112.

Леброн го забележа третиот последовен трипл-дабл, покрај 30-те поени имаше и 10 скока и 11 асситенции. За него ова е трет пат во кариерата да врзе три натпревари со трипл-дабл ефект, а стана првиот играч на ЛА Лејкерс по 32 години кому му успеало да има три натпревари со двоицфрен број во три стстистички категории.

Инаку „лејкерс“ правеа пресврт откако Чикаго имаше и 19 поени плус. Двоцифрената предноста ја одржуваше и во третата четвртна, а комплетниот пресврт се случи во завршниот сегмент од средбата кој тимот од Лос Анџелес го доби со 38-19. „Лејкерс“ се лидери на Запад со биланс 6-1, а Чикаго е на претпоследнот место на Исток со ефект 2-6.

Нова победа, втора во серија, забележа Денвер со триумфот над Мајами од 109-89. Двата тима имаат идентичи 5-2 по седум одиграни средби. Окалхома конечно забележа две победи по ред, славеше на домашен терен над Орландо со 102-94, Атланта му го нанаесе вториот пораз во серија на Сан Антонио триумфрајќи пред своите навивачи со 108-100, Бостон славеше над Кливленд со 119-113, а најнеизвесно беше на средбата меѓу Шарлот и Индијана на која по продолженија, Шарлот славеше со 122-120 откако направи пресврт во последната четвртина, се избори за дополнтелни пет минути во кои беше подобар со 9-7.

 

Се вчитува...