Непроценливо: Радоста на Луис Енрике по голот на Роберто (видео)

Луис Енрике чесно ги истрпе сите критики на негова адреса по очајната игра и поразот во Париз. Во меѓувреме објави дека летово ќе си замине од Барселона, но не дозволи тоа да влијае врз игрите на тимот… и го диригираше најголемиот камбек во фудбалската историја.

Ако се земе во предвид што се издржа во изминатиот период, јасно е зошто Енрике толку еуфорично го славеше неверојатниот успех на својот тим, за кој по мечот истакна „секој фан на Барселона ќе го памети додека е жив“. Роберто се најде на вистинското место и ја смести топката во мрежата, еруптираше „вулканот“ на „Камп ноу“ , а Луис Енрике буквално полуде од среќа.

Погледнете како изгледаше радоста на тренерот на Барса по шестиот погодок на неговиот тим што значеше пласман во четвртфиналето од ЛШ.

Се вчитува...