Нереална партија на Харден – 59 поени во триумфот над Вашингтон (ВИДЕО)

Ѕвездата на Хјустон, Џејмс Харден ја одбележа ноќта во НБА лигата постигнувајќи дури 59 поени во победата на неговиот тим против Вашингтон на гостински терен со 158-159.

Неговиот соиграч Расел Вестбрук заврши со „трипл-дабл“ ефект од 17 поени, 10 скока и 12 асистенции, а кај Вашингтон најдобар беше Бил со 46 поени.

Во еден од најинтересните дуели на вечерта, Феникс славеа против Голден стејт со 121-110, додека Бруклин на домашен терен загуби од Индијана со 110-118. Најефикасен на мечот беше Сабонис од редовите на гостите со 29 поени, осум скока и четири асистенции а кај Бруклин, Ирвинг постигна 28 поени.

Кливленд славеше против Чикаго со 117-111, Орландо го победи Њујорк со 85-73, Оклахома пред своите навивачи загуби од Портланд со 99-102, Сакраменто загуби од Шарлот со 111-118, а Јута го победи ЛА Клиперс со 110-96.

Се вчитува...