Младиот германски напаѓач Саид Ел Мала остана без трансфер во Брајтон. Причината се нереалните барања на семејството на 19-годишниот фудбалер. Играчот на Келн требало да се пресели во Премиерлигата, но пропадна потписот поради неговиот постар брат Малек.
Саид веќе ги договорил сите услови, меѓутоа пречка биле барањата на неговото семејство, кои поставиле успеси. Тие инстистирале Брајтон да го ангажира и братот, 21-годишниот Малек, кој е помалку талентиран од неговиот брат.
Англичаните се согласија и на тоа, но потоа семејството се вмеша, покренува барања, со што премиерлигашот се повлече од договор.
Се јави со понуда и Брентфорд, меѓутоа повторно семејството ја расипа приказната. Наводно мајката побарала огромна бројка како посредник во трансферот. Затоа сега Саид Ел Мала ќе остане во Келн.
Но, Германците тврдат дека постои подобра опција, односно потпис со Борусија Дортмунд, па затоа целата оваа „фама“ околу трансферот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
