Нерешено на полувреме: Шкендија игра добро во Љубљана, Браво се спаси од негатива (ВИДЕО)

Имаше предност тетовска Шкендија на „Стожице“ во Љубљана во мечот против Браво во првиот меч од второто квалификациско коло во Лигата на Конференции.

Красниќи погоди од белата точка и успеа да донесе предност за тетовските „црвено-црни“, во таа 11. минута.

Сепак, Копатин успеа да израмни во 19. минута по додавање на Аринце.

Тетовци имаа уште една добра шанса преку Нзенге во финишот, но успеа Рожман со крајни напори да одбрани во корнер. Шкендија се бори за подобар резултат пред реваншот во Скопје идната недела, и пласман во 3. квалификациско коло.

Се вчитува...