Нешто чудно се случува со Луис Хамилтон и Мерцедес

Луис Хамилтон долго размислуваше дали воопшто да вози во Формула 1 сезонава, на крајот се реши да ја продолжи кариерата, но поранешниот Ф-1 првак дефинитивно не очекуваше ваков старт на авантурата во 2022 година.

Британецот има само 16 освоени бода по првите две трки, но поголем проблем од моментниот рејтинг претставува неспособноста на Мерцедес да состави болид со кој Луис би имал шанса повторно да се бори за титулата. За потсетување, тој во квалификациите за минатата трка испадна уште по првиот циклус, а веќе станува јасно дека механичарите на Мерцедес се мачат и во пресрет на неделната трка во Австралија.

Хамилтон го заврши првиот слободен тренинг на седмото место, за потоа да биде со уште послабо време на вториот тренинг, дури тринаесетти.

Фактот дека Мерцедес заостанува по околу цела секунда по круг зад ривалите е лоша вест за сите во тимот, но најмногу за Хамилтон, кој е навикнат секогаш да се бори за триумф, нешто што дефинитивно е невозможно во моментов.

Се вчитува...