Нешто навистина посебно: Овациите за Мурињо и играчите од навивачите на Рома (ВИДЕО)

Рома не успеа да се избори за европски излез откако ремизираше (1-1) со Венеција во натпревар во кој имаше целосна доминација со 46 удари кон противничкиот гол, но и недостасуваше малку среќа за победа.

Дуелот беше последен домашен за Рома сезонава, па „волчицата“ уште сега може да се фокусира на финалето од Конференциската лига кое го игра на 25. мај против Феенорд. А што тој натпревар значи за навивачите на Рома доволен показател се случувањата по синоќешниот натпревар.

Жозе Мурињо и неговите играчи по средбата на која не успеаја да победата, доживеаја вистински овации од навивачите кои траеја повеќе од десет минути. Мурињо не можеше да го сокрие восхитувањето од сето тоа.

„Уште еднаш изгледавме како едно семејство. Постои начин на кој секогаш можеме да им се заблагодариме за таа поддршка, а тоа е да дадеме се на терен, што на овој натпревар и го направивме. Ако го освоиме сега тој трофеј ќе кажам дека тоа е пехар кој го заслужуваат навивачите. По прашањето на страста сигурно тоа би ни значело повеќе од Серија А за Милан или Интер. Семејството секогаш е тука кога се победува. Не знам дали вака било и претходно, но може да кажам дека Рома има навистина посебни навивачи, навистина посебни“ – истакна Мурињо по натпреварот со Венеција.

Се вчитува...