Ник Киргиос пред повеќе од една деценија важеше за новиот суперталент во светскиот тенис, но проблематичниот карактер придонесе Австралиецот да биде запаметен како „лошо момче“ во „белиот спорт“ наместо по квалитетите што несомнено ги поседува.
Кириос денеска повторно се најде на насловните страници од апсолутно погрешни причини, откако беше објавено дека тој е суспендиран од страна на АТП поради позитивен допинг-тест.
Станува збор за тестирање за време на турнирот во Мајами на 22 јуни, при што примерокот на Кириос бил позитивен на бензолекгонин, метаболит содржан во кокаинот.
„Последните години исполнети со повреди беа огромен товар за мене, како физички така и на психолошки план. Моето тело не можеше да се носи со она што умот го очекуваше, фактот дека се приближував до крајот на кариерата ми создаваше дополнителен товар, но ништо не е изговор за она што го направив“, напиша Киргиос на својот инстаграм профил, додавајќи дека во следните 28 дена целосно ќе ги исклучи профилите на социјалните мрежи за да може да се фокусира на своето здравје.
Потврдата на позитивниот допинг тест ќе значи и долга суспензија за Австралиецот, со што речиси сигурно ќе биде ставен неславен крај на неговата кариера. За која се очекуваше да биде многу, многу подобра…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
