Неславен крај: Мајк Џејмс одби да игра за Монако

Кошаркарот на Монако, Мајк Џејмс, требаше да се врати на теренот оваа среда против Бургоњ откако ја отслужи суспензијата во француското првенство, но тоа нема да биде случај.

Во пресрет на четвртфиналниот натпревар од домашната лига, Џејмс одби да игра поради значителната сума која клубот му ја должи.

Истото важи и за Ели Окоб, па Монако влегува во серијата со Бург без значајни имиња и прашањето е дали тоа ќе се промени.

Како што е веќе познато, двајцата ќе го напуштат клубот на крајот од сезоната.

Се вчитува...