Несмит за историја, Индијана со неверојатен камбек и „брејк“ во Њујорк

Индијана стигна до почетно водство во финалната серија од Источната конференција против Њујорк откако пејсерси славеа на драматичниот прв натпревар, и тоа по продолженија со 135-138. Во главна улога беше Арон Несмит, поранешниот играч на Бостон кој блесна кога беше најважно, постигнувајќи шест тројки од шест обиди во последната четвртина, прв играч кому вакво нешто му успеало на плејоф натпревар во историјата на НБА-лигата.

Њујорк делуваше сигурно на патот до победата, домашните имаа целосна контрола над резултатот, максимални „плус 17“ по неколку минути игра во последната четвртина, а на 59 секунди до крајот Њујорк водеше со 121-112. Тогаш почна неверојатниот камбек на Индијана, Несмит беше херојот со три тројки во низа, пред истиот кошаркар да погоди две слободни фрлања и да го одведе мечот во продолжение.

Полни со самодоверба, гостинските кошаркари на крајот стигнаа и до победата, на огромно разочарување на многубројните домашни фанови во „Медисон Сквер Арена“.

Херојот Несмит го заврши мечот со 30 поени (20 во четвртата четвртина), осум погодени тројки и две блокади, Халибуртон имаше 31 поен и 11 асистенции за Индијана, додека на Њујорк не му помогнаа ниту извонредните Брансон со 43 поени и Таунс (35 поени и 12 скокови.

 

Се вчитува...