Несогласувања, караници, нетрпеливост… „Врие“ во соблекувалната на Ливерпул

Ливерпул врза шест едноподруго порази на домашен терен сезонава во Премиерлигата, што е неславен рекорд на „црвените“.

Сето тоа, според шпекулациите во англиските медиуми, носи и многу нервоза во соблекувалната. Најголем проблем наводно е слабата комуникација меѓу напаѓачката тројка Салах – Мане – Фирмино. Тројката во 2021 година не упатила шут во рамките на противничкиот гол на „Енфилд“, што е неверојатен податок.

Шпекулациите велат дека Мане бил многу лут на Салах, па и двајцата веќе воопшто не разговарале откако Египќанецот го обвинил Мане дека намерно во некои ситуации не сака да се избори за пенал, за да Салах не постигнува голови. Фирмино исто така се повеќе се дистанцирал.

Избраниците на Јирген Клоп утре ги очекува реваншот од натпреварот во осминафиналето во Лигата на шампионите. На „Енфилд“ доаѓа Лајпциг кого во првиот натпревар го победија со 0-2. Ако се погледне формата со која играат на домашен терен, и тој резултат не е сигурен за Ливерпул.

Се вчитува...