Неста со лекција до Де Лихт: Замолчи и продолжи каде што си тргнал, не го заслужуваш Јуве!

Матијс Де Лихт летово реши да го напушти Јувентус и да се пресели во редовите на баварскиот велкан, Баерн Минхен.

Германскиот првак плати околу 70 милиони евра за холандскиот репрезентативец, речиси идентична сума за која Јувентус пред три години го купи тогашниот капитен на Ајакс.

По трансферот во Баерн, Де Лихт се истакна со неколку невкусни изјави кон Јувентус и многумина ги оценија иститe како безобразни, па таков впечаток добил и легендарниот Алесандро Неста, кој сега реши да му одржи лекција на младиот стопер.

„Јас сигурно немаше да излезам со такви изјави во јавноста. Те платија 70 милиони евра, Јувентус те сакаше по секоја цена, а ти беше најчесто повреден … едноставно не го заслужуваш овој клуб. Замина во Баерн? Па … сега само оди си каде што си тргнал и молчи“, порача Неста.

Се вчитува...