Нестор-гол дува 27 свеќички, а шлаг ќе биде да ја ’оддува’ вечерва Рома

Илија Несторовски денеска слави роденден, а специјална покана од Серија А вечерва имаат фудбалерите на Рома. Палермо во вечерниот термин ја пречекува „волчицата“, надевајќи се дека може да направи сензација и да го изненади тимот на Лучијано Спалети.

Нестор-гол е во еуфорично расположение, па најавува дека Палермо ќе постигне..не еден, не два, туку – пет гола.

„Дали ќе има рафал за Рома. Не еден, не два, туку ќе постигнеме пет гола. Ви препорачувам сите вечерва да дојдете на стадион и да не бодрите“, вели Несторовски за италијанските медиуми, барајќи максимална поддршка од фановите на Палермо.

Во составот на Палермо како стартер е најавен и Александар Трајковски.

Се вчитува...