Несторовски асистент, Сари собра храброст, Јувентус заигра шампионски

Јувентус конечно заигра онака како што му доликува на актуелниот првак на Италија, доминирајќи на дуелот со Удинезе и рутински победувајќи со 3-1. Тренерот Маурицио Сари за првпат сезонава собра храброст и избра ултра-офанзивна прва постава, со Роналдо, Игуаин и Дибала во стартниот тим. Тоа се исплатеше, „старата дама“ одигра импресивно и уште во првото полувреме стигна до водство од 3-0.

Кристијано Роналдо беше во елемент постигнувајќи два гола за водство од 2-0, во меѓувреме неколку шанси не искористи Игуаин, а на 3-0 зголеми Леонардо Бонучи. Италија Несторовски влезе во игра во 87. минута и во судиското продолжение асистираше до Пусето при почесниот погодок за Удинезе.

Аталанта неколку дена по обезбедениот пласман во осминафиналето од ЛШ разочара губејќи во Калчо-лигата од Болоња со 2-1. Паласио и Поли им донесоа удобна предност на „болоњезите“ пред Малинковски да го ублажи поразот на гостите од Бергамо.

Милан повторно разочара на домашен терен, играјќи без голови против Сасуоло. „Росонерите“ постигнаа погодок во првото полувреме што беше поништен со ВАР, по што избраниците на Пиоли во вторите 45 минути не успеаја да го најдат патот до мрежата на гостинскиот тим.

Се вчитува...