Несторовски и Трајковски триумфираа против Фросиноне, на чекор од враќање во Серија А

Палермо со триумф од 2-1 против Фросиноне пред своите навивачи го заокружи првиот натпревар од финалната бараж пресметка за влез во Серија А следната сезона.

Илија Несторовски и Александар Трајковски со предност патуваат на реваншот против Фросиноне за три дена, по оваа победа отворајќи можност за посакуваното враќање во италијанската елита.

Гостите од Фросиноне први поведоа на мечот со голот на Чиано уште во 5. минута од средбата. Во 44. минута израмни Ла Гумина, а до победата Палермо дојде со автоголот на Теранова во 81. минута од средбата.

Реваншот меѓу двете екипи се игра на 16. јуни со почеток од 20:30 часот.

Се вчитува...